Младиот Јасин Хисаири (11) се проби покрај обезбедувањето за да стигне до Хаким Зијеш и да го побара дресот од фудбалерот на Ајакс.
Момчето стигнало до Зијеш кој му ветил дека после натпреварот ќе му го даде дрсот, меѓутоа на крајот тој дрес место да стане спомен за малдиот навивач завршил на „eBay“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За оваа приказна со тажен крај за момчето се погрижил непознат маж.
Имено, некој се претставил како татко на детето кое влегло на терен и го побарал дресот од Зијеш. Фудбалерот поверувал и му го дал дресот.
Детето на крајот остана без дресот кој непознатиот маж го продал на интернет за сума од околу 700 евра.
„Не можев да дојдам до дресот затоа што брзав. Мајка ми ме чекеаше. Некој се претставил дека е мој татко и го добил дресот од Зијеш“, раскажа малото момче.
Сепак со оглед на тоа дека целата приказна стигна до медиумите нема сомневање дека Мароканецот порано или подоцна ќе го пронајде момчето и ќе му подари дрес.