Челзи во последните моменти од преодниот рок вчера го комплетираше трансферот на Енцо Фернандез во последните моменти од преодниот рок, но не успеа да ја заврши позајмицата на Зијеш во ПСЖ.
Двата клуба се договорија, меѓутоа не успеаа на време да документите да бидат регистрирани во Лига 1. Зијеш направи се што може, отпатува во Париз во канцелариите на ПСЖ, но ќе мора да се врати во Лондон.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иако Мароканецот имаше желба, сепак сега ќе мора да ја доигра сезната во Челзи. Ситуацијата може да се промени само ако Лига 1 направи некаков исклучок и даде дозвола Зијеш да биде регистриран по завршувањето на преодниот рок.
Жалбата од ПСЖ е испратена, но мали се шансите да се случи такво нешто.