Дома Трансфер зона Зијеш може да го напушти Челзи, но ќе остане во Лондон?

Зијеш може да го напушти Челзи, но ќе остане во Лондон?

Хаким Зијеш сака да го напушти Челзи и сега наводно во игра е Тотенхем.

Од Островот пристигнуваат информации дека Зијеш го бара најдоброто решение откако му пропадна враќањето во Ајакс. Изненадувачки сега се појави опција да остане во Лондон и да го засили Тотенхем.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тотенхем го напушти Брајан Хил кој се пресели во Валенсија, а не е невозможно да замине и Лукас Моура, а тоа значи дека му е потребен уште еден офанзивец во ротацијата во густиот распоред кој ќе биде пеколен оваа есен и до крајот на сезоната.

Деталите не се познати, но се знае дека Челзи за Зијеш бара помеѓу 25 и 30 милиони евра поради тоа Ајакс се повлече од трката.

Не е невозмоќно Тотенхем да му понуди опција за позајмица со откуп, но ќе видиме дали тоа би било прифатливо за Челзи. Од друга страна Тухел би можел да го пушти Зијеш и на негово место да доведе вистинска деветка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…