Филипе Кутињо во јануари направи изненадувачки трансфер од Барселона во Астон Вила.
Бразилецот не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“ и се врати во Премиер лигата, каде ќе го носи дресот на Астон Вила на позајмица со крајот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кутињо одлично ја започна авантурата во Астон Вила и покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво.
Астон Вила има опција да го откупи Кутињо за 40 милиони фунти, но проблем е огромната плата која ја добива Бразилецот, која клубот од Бирминген не може да му ја дава.
Поради тоа Арсенал и Тотенхем внимателно ја следат ситуацијата и сакаат да го донесат на лето, а нема да имаат проблем да платат 40 милиони за неговиот потпис.