Дома Фудбал Куртоа до навивачите на Барселона: Ми се смеевте, ама се покажа дека сум во право

Куртоа до навивачите на Барселона: Ми се смеевте, ама се покажа дека сум во право

Тибо Куртоа вчера со Реал Мадрид стигна до својот втор трофеј во  Примера, прв како голман на Реал Мадрид каде што ја минува својата втора сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Оваа титула е посебно важна за Белгиецот затоа што тој беше најкритикуван играч на Реал на почетокот на сезоната кога работите за Реал не изгледаа вака добро.

Куртоа во еден момент од сезоната изјави дека нема да биде праведно ако Барса биде шампион затоа што Реал е подобар тим. Тогаш таа негова изјава изгледаше смешно на Барселона и навивачите на овој клуб, но сега тој ги потсети дека бил во право.

„После двата месеци во карантин се вративме со неверојатно добра игра, победивме на 10 натпревари во низа, Верував во овој тим и очекував да победуваме. Навивачите на Барселона ми се смеаа кога го кажав тоа, но се покажа дека сум бил во право“, изјави Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Легендарниот Тјери Анри како аналитичар секогаш ја кажува својата мисла, но овој пат реши …