Главна тема во Шпанија денеска се инцидентите во дербито во Мадрид помеѓу градските ривали Атлетико и Реал.
Дербито беше во прекина околу 15 минути откако навивачите на домашната екипа со разни предмети го гаѓаа голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа. Куртоа во минатото го чуваше голот на „јорганџиите“, но сега и ги провоцираше фановите кај кои некогаш беше миленик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од виновниците во инцидентите е веќе идентификуван, а шпанската јавност е шокирана откако кај него бил пронајден и нож.
За Шпанците ова е огромен пропуст кој не смеел да се случи и може да доведе до многу посериозни инциденти.