Сенегалскиот репрезентативец, Калиду Кулибали, за кого Наполи бара околу 100 милиони евра, изгледа дека нема да го напушти клубот.
Кулибали се смета за еден од најдобрите стопери во светот, а веќе беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, кој според Де Лаурентис, нудел околу 95 милиони евра. Тој изјави дека му е мило поради понудата, но дека нема намера се уште да го напушти Наполи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Секогаш се обидувам да напредувам. Тоа е мојот фокус откако дојдов тука. За сега ми оди добро и сакам да продолжам така. Кога играте добро се разбира дека секогаш има понуди, и мило ми е, но фокусиран сум само на Наполи“, изјави Кулибали.
Сенегалецот наводно имал понуда од Манчестер Јунајтед, а следното лето понуда за него освен Јунајтед подготвиле и Челзи и Арсенал. Овој одличен дефанзивец запиша 191 настап за Наполи во кој во 2014. година пристигна од Генк.