Дома Фудбал Останато Критики за Нејмар: Тој не е фудбалер, тој е разгалена славна личност

Критики за Нејмар: Тој не е фудбалер, тој е разгалена славна личност

Бразилецот Нејмар е одличен играч, без сомневање еден од најдобрите во светот, а и не може да биде поинаку кога ПСЖ го направи најскап фудбалер кога го купи од Барселона за 222 милиони евра.

Меѓутоа многумина го осудуваат однесување и постапките надвор од теренот, како и постојаните обиди да изнуди прекршок.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На минатото Светско првенство беше означен како еден од главните виновници за неуспехот на „Кариоките“, а сега доби критики и од поранешниот бразилски репрезентативец Нето.

Нејмар е еден од најдобрите играчи во светот, но сте виделе ли како Лионел Меси игра против Реал? Видовте ли што правеше во натпреварот против Севиља? Гледате ли што прави Кристиано Роналдо на 33 години? Тој е најдобар стрелец во Италија“.

„Нејмар не е фудбалер тој е разгалена славна личност. За него не смее лошо да се зборува бидејќи тогаш се лути неговиот татко. На Светското првенство во Русија не направивме ништо бидејќи тој воопшто не ни мислеше на репрезентацијата, туку само на себе“, изјави Нето.

Ќе потсетиме критики на сметка на Нејмар неодамна испрати и „кралот на фудбалот“, легендарниот Пеле. Пеле не го коментираше однесувањето на Нејмар надвор од теренот, туку порача дека неговиот помлад сонародник квалитетот кој го поседува го уништува со обидите за симулирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Англија укинато правило кое ќе ги израдува сите клубови

ФА Купот е натпреварувањето со најдолга традиција во Англија. Ова натпреварување се игра в…