Српскиот репрезентативец и член на Зенит, Бранислав Ивановиќ ја заврши сезоната поради повреда на задната ложа.
Ивановиќ беше заменет уште во 18 минута во руското дерби помеѓу Зенит и ЦСКА кое се одигра во вчерашниот ден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Зенит, Роберто Манчини потврди дека искусниот дефанзивец нема да биде во комбинација за настап во последните две кола од руската Премиер лига.
„Загубата на Ивановиќ е голем проблем за нас. Мислам дека нема да настапи до крајот на сезоната бидејќи ни останаа само уште два натпревари“, изјави Манчини.
Засега нема детали за тежината на повредата, а од таборот на Србија се надеваат дека тој ќе биде спремен за настап на Мундијалот во Русија.
Треба да се истакне дека селекторот Младен Крстајиќ веќе има проблеми со дефанзивците поради повредата на Матија Настастиќ на кого му е загрозен настапот на Мундијалот, а иста е ситуацијата и дефанзивецот на Урош Спајиќ од Андерлехт и Стефан Митровиќ од Гент.
Ивановиќ оваа сезона за Зенит одигра 38 натпревари, посригна пет голови и запиша три асистенции.