Дома Останати Авто Мото Крај на една ера: Фетел најави повлекување од Формула 1

Крај на една ера: Фетел најави повлекување од Формула 1

Легендарниот германски возач Себастијан Фетел официјално потврди дека ова му е последна сезона во Формула 1, односно дека ќе се повлече на крајот од тековната натпреварувачка година!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фетел е една од најголемите легенди на Формула 1 во поновата историја бидејќи четири пати беше шампион со Ред Бул и тоа четири сезони по ред, помеѓу 2009 и 2013 година.

35-годишниот Германец дефинитивно означи нова ера во Формула 1, а заминува по уште една разочарувачка година во болидот на Астон Мартин.

Треба да се напомене дека во текот на кариерата Фетел оствари дури 53 победи на трките во Формула 1, со што беше трет на вечната листа, веднаш зад Луис Хамилтон (103) и Михаел Шумахер (91), додека на подиумот се искачи вкупно 122 пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…