Дома Топ вести Кој ќе се фати на јадицата: ПСЖ подготви 230 милиони евра, а прашањето е Санчез или Нејмар?

Кој ќе се фати на јадицата: ПСЖ подготви 230 милиони евра, а прашањето е Санчез или Нејмар?

Се уште Европа се тресе од се погласните приказни дека Нејмар е толку блиску до одлука да го собори досега невидениот рекорд и апсолутно сите останати, да направи голем трансфер и ова лето да се пресели во ПСЖ за надреални 222 милиони евра.

Скај спорт вечерва го затресе Островот со инормација дека ПСЖ сериозно тргнал во офанзива на Алексис Санчез, со што повторно е покрената вистинска лавина во Северен Лондон. Навивачите на Арсенал се плашат, Венгер уверува дека нема да замине Санчез никаде, иако му останаа уште 12 месеци од актуелниот договор, а цела фудбалска маса се прашува – дали Французинот ќе им одолее на катарските милиони?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Скај тврди дека ПСЖ ова лето има 230 милиони евра за трошење и дека конечно мора да тргне во големи купувања. Малку недостасуваше серијата да ја отвори Обамејанг, но тоа ќе биде токму Алексис Санчез. Иако, како што тврди британскиот медиум, прва и најсилна желба на „Светците“ е токму Нејмар. Она што е потврдено е дека првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи разговарал со Барселона и порача дека е подготвен да ја активира клаузулата вредна неверојатни 220 милиони евра, но од редовите на каталонскиот гигант досега пристигнуваа информации дека од трансферот нема да има ништо, дури и ако ПСЖ ја активира клаузулата. Тоа го истакна и директорот Роберт Фернандез, затоа можеби и Алексис е тука некаде реално решение.

Со денови претходно се пишува за тоа дека Чилеанецот сака да замине и дека целта му била заминување во Баерн. Но, поради одолговлекувањето тој трансфер пропадна, па Баерн се насочи кон Хамес Родригез кој премина во нивните редови за помалку од 24 часа.

Цената на Алексис, и покрај тоа што има уште една година активен договор изнесува околу 60 милиони евра, Но, Арсенал бара барем 10 милиони повеќе.

Се е можно, сите карти се отворени. ПСЖ бара бомба која ќе биде активирана. Нејмар би била со атомска јачина, Алексис нешто далеку послабо, но секако би бил атрактивно засилување за клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…