Викендов во Кавадарци се игра натпревар на две, до сега, непоразени екипи во плеј-аутот на македонската суперлига во ракомет.
Голден Арт КЛ7 гостува на фаворитот за првото место, ГРК Тиквеш.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Tренерот на Голден Арт КЛ7 Игор Котевски фаворитската улога ја препушти на домаќините.
“Ни претстои дуел на две непоразени екипи во досегашниот дел од плеј аутот на суперлигата, екипи со одлични поединци, натпревар во кој фаворитската улога ја има домаќинот, екипата на Тиквеш пред се поради поголемиот фонд на играчи, засилувања од странство кои ги донесоа годинава. Од друга страна, нашата екипа е млада, единствената во лигата составена од исклучиво македонски играчи, желни за докажување и со сигурност можеме да кажеме дека се иднината на македонскиот ракомет. Очекувам добар натпревар и нека победи подобриот тим“, изјави Котевски.