Дома Фудбал Репрезентации Копа Америка: Пакета херој за Бразил, Перу преку драма до полуфинале!

Копа Америка: Пакета херој за Бразил, Перу преку драма до полуфинале!

Репрезентацијата на Бразил е вториот полуфиналист на Копа Америка откако со само еден гол го скрши отпорот на Чиле.

Бразил излезе со офанзивен состав, Нејмар, Жесус, Фирмино, Ричарлисон беа во првиот состав, меѓутоа натпреварот го одлучи резервистот Пакета. Голот Пакета го поистигна во 46. минута.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Набрзо по постигнатиот гол Бразилците останаа со играч помалку, исклучен беше Габриел Жесус, сосема заслужено. И покрај тоа што беа со играч помалку Бразил одлично се бранеше и не дозволи Чиле да приреди изненадување.

Во полуфиналето Бразил ќе игра против Перу. Второто полуфинале ќе го добиеме од дуелите Еквадор – Аргентина и Уругвај – Колумбија.

Перу и Парагвај приредија вистинска драма играјќи 3:3, а потоа победникот се решаваше на пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…