Дома Фудбал Англија Конте пред финалето: Ова ќе биде мојот последен меч…за оваа сезона

Конте пред финалето: Ова ќе биде мојот последен меч…за оваа сезона

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте се пошегува на пресконференцијата пред утрешното финале во ФА Купот против Манчестер Јунајтед.

Веќе подолго време се шпекулира дека тоа ќе биде последниот меч за Конте на клупата на Челзи, но Италијанецот одби да ги потврди таквите тврдења и истакна дека има договор и за следната сезона.

„Можам да ви кажам со сигурност дека ова ќе биде мојот последен меч…за оваа сезона. За мене и за моите играчи. Знаете дека имам договор и целосно сум посветен на клубот. Важно е да ја завршиме сезоната со трофеј и фокусирани сме на таа цел“, истакна Конте.

Италијанецот потврди дека конфликтот со Мурињо е веќе минато и нивните односи сега се нормални.

„Сега тоа не е важно. Веќе имаме нормални односи и уште ќе му пуштам рака“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Селекторот на Хрватска навреди судија: Идиоте што ме гледаш!

Хрватскиот фудбалски тим се соочи со пораз од 4:1 против Шпанија во Севиља, во рамките на …