Дома Фудбал Англија Конте доби жестоки критики, па возврати: „Не сум глуп да загубам 4:0“

Конте доби жестоки критики, па возврати: „Не сум глуп да загубам 4:0“

Жестока полемика започна на Островот после вчерашното дерби помеѓу Манчестер Сити и Челси.

Да потсетиме, Граѓаните овој натпревар го добија со 1-0, а Челси практично ниту еднаш не се обиде да го загрози голот на домашниот тим.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Дербито не ги оправда очекувањата, па Антонио Конте се најде на удар на критиките, а најмногу стигнаа од Џејми Реднап и Гери Невил.

Вчерашниот натпревар на Сините они го окарактеризираат како антифудбал и зло против фудбалот.

Но, и Конте не остана должен, кој патем го “пецна“ и Арсен Венгер.

„Не сум толку глуп да играм отворено против Сити, па да загубам со 3-0 или 4-0. Ако се добро сеќавам, Арсенал така играше против нив и вие ги критикувавте бидејќи примија три гола за пола саат. Мора да ја користите главата кога зборувате за тактика.“ – изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фамилијата Анчелоти пред враќање на “Бернабеу”

Давиде Анчелоти, синот на Карло Анчелоти, може да го замени Чаби Алонсо како главен тренер…