Барселона соопшти дека конечно е постигнат договор со Нејмар во врска со подмирувањето на одредени обврски.
Двете страни потпишале договор за завршување на правните предмети околу кои се судеа. Во прашање беа бонусите кои Нејмар ги имал во неговиот догоовр потпишан во 2016 годин, пред да премине во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нејмар ја тужеше Барселона за 46.3 милиони евра. Минатата година беше пресудено дека Нејмар треба да и плати на Барселона 6.7 милиони евра, а на таа одлука Нејмар се жалеше и повторно ја тужеше Барселона.
Не се објавува на кој начин, но сега е потврдено дека двете страни се договорени и помеѓу нив повеќе нема никаков судиски процес.