Неодамна италијанскиот второлигаш го потврди трансферот на Сеск Фабрегас, а сега пристигна уште едно звучно име – Патрик Кутроне.




Фудбалерот кој ги помина сите младински категории на репрезентацијата на Италија и своевремено го носеше дресот на Милан се одлучи да стави потпис на тригодишен договор со клубот од неговиот роден град.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„За мене е вистинска чест што ќе го претставувам клубот во мојот град. Тука пораснав и за првпат шутнав топка, тука е моето срце, моето семејство и моите пријатели. Се радувам на враќањето во Комо. Преговорите не траеа долго, затоа што знаев дека ова е вистинската понуда за мене“.




„Серија Б е тешко првенство, јас сум убден дека имаме што да кажеме. Ќе одиме натпревар по натпревар и очекувам добра сезона“, изјави Кутроне.