Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед не доби одговор како што посакуваше и преговорите за продолжување на соработката не се продолжиле.
Шпанскиот голман има договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на соработката на уште една година. Меѓутоа, како што преговорите престанаа, така тимот од „Олд Трафорд“ дојде во опасност да го загуби Де Геа. Тој на крајот би можел и да го напушти „Театарот на соништата“, а интересна е сумата која од клубот тој ја барал за потпис на повеќегодишен договор.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Управата на тимот му нудела на 28-годишниот Шпанец околу 300,000 фунти на неделно ниво, но тоа не му било доволно. Барал сума од 500,000 фунти, со што заедно со Санчез би станал најплатен играч во клубот. На крајот преговорите завршиле. До крајот на сезоната Де Геа ќе има прилика да размисли за понудата, но исто така и управата на Јунајтед ќе има шанса да сфати каков голман може да загуби.
Иако Де Геа во минатото се поврзуваше со Реал Мадрид, сега како негова најнова дестинација се споменува ПСЖ. Парите кои Јунајтед не ги дава во Париз со задоволство ќе му ги понудат, а како втора опција се споменува трансфер во Јувентус. Што ќе се случи на крајот, останува да видиме, но сигурно дека Јунајтед ќе жали доколку остане без еден од најдобрите голмани во светот.