Дома Фудбал Англија КОЛАПС ВО АНГЛИЈА: Се откажуваат утрешните натпревари во Премиер лигата?

КОЛАПС ВО АНГЛИЈА: Се откажуваат утрешните натпревари во Премиер лигата?

Премиер лигата внимателно ја следи временската прогноза, бидејќи некои клубови веќе изразија загриженост поради временските услови во сабота, кога се закажни седум натпревари.

Во Велика Британија снегот и студеното време прават големи проблеми за спортските настани. Премиер лигата се уште ја следи ситуацијата околу натпреварите во сабота.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс изјави дека неговиот тим би можел да има потешкотии за да стигне до Велс, каде што утре треба да го одигра натпреварот против Свонси. Во Саутемптон исто така има снег, а истоимениот клуб од тој град треба да информира дали е можно да се одигра натпреварот со Стоук Сити.

Инаку, на Островот се откажани неколку натпревари од Лига 1 и Лига 2, се откажуваат натпревари во Шкотска, како и рагби натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Засилувањето на Њукасл од 85 милиони евра тресе мрежи, но го прогласија за промашување!?

Трансферот на Ник Волтемаде во англискиот гигант Њукасл за сума од 85 милиони евра уште од…