Mногумина се чудеа во текот на летото, но Јуве очигледно направи добар потег.
Изгледаше чудно што Јувентус се откажа од момчето кое кога и да добиеше шанса играше одлично во Серија А и во финишот од сезоната ги тресеше мрежите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Чудото од дете“ Моис Кин се пресели во Премиер лигата и тоа за „само“ 30 милиони евра, а дури нема ни откупна клазула Јувентус да го врати. Меѓутоа сега тие 30 милиони кои во текот на летото изгледаа малку се покажа дека биле одлична зделка. Клазула и да постоела според она што Кин ги прикажува Јувентус немаше да го врати.
Кин има лош старт во Премиер лигата и десет натпревари без гол, покрај тоа констатно ги прекршува клупските правила и на крајот доби суспензија.
„Карамелите“ не знаат што да прават со него, се обидуваат да го вратат во Серија А за да игра и да добива искуство. Се јави Сампдорија, меѓутоа неговиот менаџер Мино Раиола гледа кон Милан и го предложил на Леонардо и Бобан.
Како и да е Јувентус повторно направи одличен потег на трансфер пазарот иако на почетокот не изгледаше така.