Дома Топ вести Кога на Барса и е тешко тука е Меси! 🎥

Кога на Барса и е тешко тука е Меси! 🎥

Фудбалерите на Барселона вечерва на свој терен го победија Леванте со минимални 1:0 во рамите од 13. коло од шпанската Ла Лига.

Барселона после два порази во низа успеа да дојде до победа, но многу потешко од очекуваното. Леванте пружи одличен отпор на „Камп Ноу“ и немаше да биде незаслужено ако тимот на Барди освоеше барем еден бод.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леванте на стартот беше и подобриот тим, гостите создадоа неолку шанси кои не ги реализираа. Првата голема шанса Барселона ја имаше после дваесетина минути игра кога Меси нафрли, а Гризман шутираше со глава, Фернандез го одбрани неговиот удар, за потоа Ленглет од неколку метри да промаши празен гол.

Во второто полувреме Барселона доминираше, додека гостите чекаа шанса од контра. Кога изгледаше дека Леванте може да остане непоразен се појави кој друг ако не Лео Меси. Аргентинецот погоди во 76. минута од натпреварот.

До крајот Каталонците ја задржаа предноста и ги освоија трите бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Баерн спремаат тренерска трампа

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен може  да направат смена на тренерите Ерик тен Хаг и Тома…