Дома Фудбал Останато Клоп со пофални зборови за Манчестер Јунајтед пред големото дерби

Клоп со пофални зборови за Манчестер Јунајтед пред големото дерби

Германскиот тренер на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп пред дербито против Манчестер Јунајтед не го интересира колку бодови има екипата и на кое место е на табелата, бидејќи јасно е дека „Црвените ѓаволи“ имаат одлични играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овие два клуба ќе го одиграат големото дерби во недела, а Клоп изјави дека некогаш, додека беше во Германија, правел се само да го гледа овој натпревар на ТВ.

„Ова е посебен натпревар. Кога бев во Германија, правев се што можев само да го гледам натпреварот. Некогаш во овие дуели не остваривме резултати кои ги заслуживме. Не победувавме често и тоа ќе се обидеме да го промениме. Се радуваме на натпреварот кој следува. Не ме интересира колку поени има Јунајтед. Знаеме дека тоа е квалитетна екипа. Рашфорд, Лукаку и Лингард се неверојатни. Нема никого да судиме за поените кои до сега ги освоивме“, изјави Клоп.

Потсетуваме, овој натпревар на распоредот е во недела од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…