Дома Фудбал Останато Клоп после Баерн: Ќе се бориме за титулата!

Клоп после Баерн: Ќе се бориме за титулата!

Фудбалерите на Ливерпул во вчерашниот натпревар од Ауди купот го совладаа Баерн Минхен со убедливи 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул до предност стигна уште во седмата минута од натпреварот кога мрежата на Германците ја погоди Мане после асистенцијата од Фирмино. Во 34 минута „црвените“ веќе зголемија на 2:0, овој пат стрелец беше Салах. Конечните 3:0 ги постави Даниел Стариџ.

После победата на Баерн Клоп ги убеди навивачите дека најавите за напад на титулата во Премиер лигата не се само празни зборувања.

„Ливерпул ќе се бори за титулата во Премиер лигата. Не можеме сезоната да ја започнеме без амбиции и неопходно е да одредиме одредени цели. Имаме добар тим, а минатата сезона немавме многу среќа. Овој тим може да игра и подобро. Се надевам дека се ќе се одвива онака како што замислуваме“, истакна Клоп после победата над Баерн.

Ливерпул со оваа победа се пласираше во финалето на Ауди купот каде што ќе игра против Атлетико Мадрид.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aко Шпанија ја победи Аргентина, Кукуреља ќе мора да направи луда тетоважа!

Еден од најважните шпански фудбалери, Марко Кукуреља, е само на чекор од освојување на све…