Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека се смее на шпекулациите кои го поврзуваат Килијан Мбапе со трансфер на „Енфилд“.
Мбапе е на излезна врата од ПСЖ, а англиските медиуми пренесоа дека Ливерпул преговара за негов ангажман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Гласините за Мбапе во Ливерпул? Се смеам на тоа. Мислам дека тој е навистина добар играч, но финансиските услови воопшто не ни одговараат. Не сакам сега да ја расипам целата приказна, но нема ништо од тоа“, изјави Клоп.
„Ама можно е некој друг од клубот да подготвува нешто и да сака да ме изненади, но тоа се нема случено во осумте години колку што сум тука. Тоа би било прв пат“, додаде Германецот.