Дома Македонски спорт Мак баскет КК Академија ФМП после пет месеци започнува со подготовките

КК Академија ФМП после пет месеци започнува со подготовките

Првиот тим на КК Академија ФМП после 5 месеци пауза ги започнува своите подготовки за престојната сезона под водство на новиот тренер Александар Петровиќ во среда во 18:00 часот во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.

Подготовките за престојната сезона ќе започнат само со домашните играчи Горан Главчев, Дејан Србиновски, Лука Стојановски, Лука Петровски, Бојан Стојановски, Љубиша Димитровски, Славчо Темелковски, Борјан Обедниковски и Никола Анастасовски, додека странските засилувања Теодор Атанасов, Стефан Крстајиќ и Терел Липкинс се очекуваат да пристигнат при крајот на месецот и да влезат во тренажен процес со остатокот од екипата.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Развојот на младите играчи ќе биде наш приоритет сезонава и на секој натпревар одиме да одиграме најдобро што можеме и да го дадеме својот максимум. Пласманот во првите 6 екипи ќе биде награда за нашата напорна работа преку целата сезона, но сепак конкуренцијата е голема и квалитетна.“ – изјави Петровиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…