Најуспешниот тим во модерната историја на германскиот ракомет – Кил, по цел 15 години нема да игра во Лигата на шампионите! Популарните „зебри“, кои на сите мечеви дома имаат минимум 10.000 гледачи, завршија петти во Бундеслигата и трета сезона по ред не беа блиску до титулата.
Новиот шампион Флензбург и Рајн Некар Левен како вицепрвак ќе играат во Лигата на шампионите.
Коментари