Дома Трансфер зона Кевин Стротман пред враќање во Серија А

Кевин Стротман пред враќање во Серија А

Поранешниот фудбалер на Рома, Кевин Стротман е пред враќање во Серија А.

Стротман во Џенова ќе биде замената за Ласе Шоне. Во Џенова тој пристигнува од редовите на Марсеј. „Скај Италија“ пренесува дека Марсеј ќе продолжи да исплаќа половина од платата на Стротман.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дека трансферот е блиску до реализација потврди и првиот човек на Џенова, Енрико Прециози.

Стротман е фудбалер кој во кариерата имаше голем проблеми со повредите и на два пати имаше долги паузи, па можеби и тоа е причината поради која не направи поголема кариера. За репрезентацијата на Холандија успеа да собере 46 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Депај повторно ќе бара нов клуб

Како што стојат работите, Мемфис Депај во новата сезона ќе има нов клуб. Откако не успеа д…