Дома Фудбал Англија Квинс Парк со порака до Роналдо: „Добар обид, но не си Тревор Синклер (Видео)

Квинс Парк со порака до Роналдо: „Добар обид, но не си Тревор Синклер (Видео)

Реал Мадрид во вчерашниот натпревар запиша голема победа против Јувентус во ¼ финалето од Лигата на шампионите (0:3), овој дуел вечно ќе биде запаметен и по неверојатниот гол на Кристиано Роналдо.

„Кралевите“ славеа со 3:0, а по натпреварот сите зборуваа за „ножичките“ на Роналдо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Целиот стадион во Торино (и навивачите на Јувентус) му аплаудираа за она што го направи, навистина бевме сведоци на сигурно еден од најубавите погодоци во историјата.

Овој гол на „малиот“ англиски клуб КПР му даде повод да се потсети на мајсторијата на својот поранешен фудбалер Тревор Синклер.

Имено, официјалниот профил на англискиот клуб кој се натпреварува во Чемпиошип се појави погодокот на Синклер од ФА Купот против Барнсли во 1997 година.

Покрај снимката беше додаден и опис: „Добар обид Кристиано Роналдо, но сепак не си ти Тревор Синклер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…