Дома Фудбал Останато Кањизарес: Куман е убедливо најлошиот тренер со кој сум соработувал

Кањизарес: Куман е убедливо најлошиот тренер со кој сум соработувал

Легендарниот голман Сантијаго Кањизарес се потсети на соработката со Роналд Куман.

Кањизарес истакна дека за него Куман е најлошиот тренер со кој соработувал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Во Валенсија бранев десет години и имав прилика да работам со осум различни тренери. Куман беше убедливо најлошиот од сите. Не знаеше како да управува со тимот, ниту пак носеше правилни одлуки. Тактички не знаеше да ги објасни своите идеи на фудбалерите. Исто така беше очаен и кога во прашање е физичката подготовка“, изјави Кањизарес.

Интересно е што медиумите во Шпанија денес повикувајќи се на играч од соблекувалната кој сакал да остане анонимен пишуваа дека на никого не му биле јасни упатствата кои ги давал Кумкан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На повидок потпис: Се најде клуб кој сака да му даде шанса на Деле Али

Рексам оваа сезона е решен сериозно да се вмеша во борбата за промоција во Премиер лигата.…