Дома Топ вести Куман: Кога јас си заминав Барселона имаше осум бода помалку од Реал

Куман: Кога јас си заминав Барселона имаше осум бода помалку од Реал

Роналд Куман како гостин на Фондацијата Спортиум која организира голф турнири зборуваше и за Барселона.

Куман истакна дека не би имал никаков проблем да се фотографира и поздрави Лапорта, но нагласи дека тој немал доволно поддршка, додека сега клубот е приморан да му даде повеќе време на Чави.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Јас немам никаков проблем и максимално го поддржувам Чави, навивач сум на Барселона и сакам на клубот да му оди добро. Сепак се виде дека тренерот не е единствен виновник. Не правам споредби, но кога јас си заминав Барселона заостануваше осум бода зад Реал, таа разлика сега е двојно поголема. И јас и Чави сега има комплицирана ситуација“.

„Потребно време да се променат работите и се надевам дека Чави ќе го има, ништо не може да се среди толку брзо. Потребно е да гледате на подолг период. Тренерот треба да има поддршка“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…