Јаја Туре своевремено важеше за еден од најдобрите играчи во светот и долги години беше важен играч на Манчестер Сити.
Влезе во поодминати фудбалски години, а потоа неговата кариера започна да оди во надолна линија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Го изгуби местото во првиот тим на Сити, а минатото лето остана без клуб. Успеа да пронајде ангажман во Олимпијакос каде што играше во сезоната 2005/2006, но грчкиот тим одлучи да ја раскине соработката.
Многу тогаш заклучија дека го допрел дното, но сега 35 годишниот Туре потврди дека е блиску до нов ангажман и тоа во еден од најголемите клубови на Островот. Сепак, не од Англија туку од Шкотска.
Наводно, Брендан Роџерс сака да го види Туре во својот тим, па Селтик испратил понуда за искусниот играч кој веќе овој месец би можел да го облече зелено-белиот дрес.