Дома Фудбал Италија Капитенот на Милан прифати помала плата за да остане на „Сан Сиро“

Капитенот на Милан прифати помала плата за да остане на „Сан Сиро“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Ромањоли се блиску до постигнување на договор за продолжување на соработката.

Ромањоли влезе во последната година од договорот, а преговорите за негово продолжување беа прекинати од поодамна.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Иако се очекуваше дефанзивецот сигурно да си замине на крајот на сезоната како слободен агент, сепак капитенот прифати значително намалување на платата и ги продолжи договорите.

Ромањоли на средбата со Малдини му соопштил дека сака да остане на „Сан Сиро“ и дека е спремен да прифати намалување на платата.

26-годишниот дефанзивец моментално заработува 5,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе има годишна плата од 3,5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мо Салах не ги сака новите соиграчи?

Барем така велат Германците кои застануваат на страната на мнозинството новопристигнати мо…