Oвој викенд после репрезентативната пауза не очекува дербито во Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Манчестер Јунајтед „Олд Трафорд“ ќе го пречека големиот ривал од „Енфилд“ и ќе се обиде конечно да ги израдува своите навивачи. „Црвените ѓаволи“ се во очајна форма, додека Ливерпул игра одлично и е на одличен пат да ја освои титулата после пауза од 30 години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходните години доминираше Јунајтед кој го престигна Ливерпул по бројот на титули, но „црвените“ работите полека се променија и оваа сезона како и претходната клубот од „Енфилд“ изгледа по доминантно.
Пред овој натпревар англискиот фудбалер Дени Милс беше гостин во „Скај Спорт“ и имаше задача да го избере најдобриот тим од сегашни играчи на Ливерпул на Манчестер Јунајтед.
Неговиот тим се состои само од играчи на Ливерпул и порача дека некој играч на Јунајтед можеби би добил место на клупата.