Нејмар ова лето се пресели од Барселона во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, а го доби и најскапиот договор во историјата на фудбалот.
Бразилецот во Париз годишно ќе заработува по 30 милиони евра, но таа бројка може да расте уште повеќе преку разни бонуси. Странските медиуми открија интересна клаузула од договорот на Нејмар за освојување на Златната топка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Доколку Бразилецот конечно ги победи Меси и Роналдо во таа трка, ќе добие премија од три милиони евра. Нејмар оваа година е меѓу 30. фудбалери кои ќе конкурираат за оваа награда, но речиси сигурно е дека нема да ја освои.
Меѓутоа, следната година би можела да биде негова, особено ако се покаже на Светското првенство во Русија. Треба да се додаде дека во ПСЖ веќе израсна како прва ѕвезда на клубот и дека конечно побегна од сенката на Меси, каде што беше додека играше за Барселона. Јавна тајна е дека еден од основните мотиви за трансферот на Нејмар во ПСЖ е токму желбата за титулата најдобар играч во светот.
Не е тешко да се заклучи дека патот до неа ќе му биде многу полесен од клуб во кој нема да биде број 2 или 3, како што беше во Барса.