Судијата кој за викендот го оштети Реал Мадрид, Хесус Хил Манзано нема да суди на наредните неколку натпревари во Шпанија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Манзано бил информиран од техничкиот комитет на Судии во Шпанија дека одредено време нема да суди поради грешката на натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид.
Ќе потсетиме, тој направи огромен пропуст досудувајќи крај на натпреварот во моментот кога Дијаз нафрли. Само некоја секунда подоцна Белингам со глава ја погоди мрежата на Валенсија.
Најголем дел од јавноста го критикуваше Манзано и се тврдеше дека веќе ако планирал да „свирне“ крај тоа требало да го направи пред акцијата да влезе во таа фаза.