Maнчестер Јунајтед вчера во големото дерби против Ливерпул на свој терен победи со 2:1.
„Црвените ѓаволи“ успеаа да дојдат до важна победа и тоа против најголемиот ривал и така им приредија одлична претстава на своите фанови после двата порази против Брајтон и Брентфорд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Посебно лошо беше изданието на Јунајтед против Брентфорд кога беа поразени со 4:0. По тој пораз тренерот Ерик Тен Хаг имаше казна за фудбалерите, најмногу му пречеше што играчите на Брентфорд истрчале дури 14 километри повеќе од играчите на Јунајтед.
Веднаш следниот ден фудбалерите на Јунајтед на тренингот имале задача да ги истрчаат тие 14 километри како казна. Резултатот од таа казна можеше да се види веќе во вчерашниот дуел против Ливерпул.
Сега фудбалерите на „црвените ѓаволи“ имаа дури 19 километри истрчано повеќе од играчите на Ливерпул што е навистина неверојатен податок. Домаќините вкупно истрчаа 113.8 километри, а гостите 95.6 киулометри. Кога се кратките спринтови во прашање Јунајтед имал 106, Ливерпул само 62.