Дома Фудбал Останато Кавани останува во ПСЖ до 2020 година!

Кавани останува во ПСЖ до 2020 година!

Раководството на ПСЖ започна преговори за продолжување на соработката со Едисон Кавани и со тоа ќе стави крај на сите шпекулации за иднината на Уругваецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според „Екип“ шефовите на францускиот шампион се исклучително задоволни од 29-годишниот фудбалер и ќе се обидат да го задржат на „Паркот на Принцовите“ до 2020 година.

Кавани дојде во ПСЖ во 2013 година од редовите на Наполи за сума од 64 милиони евра, но до ова лето беше во сенка на Златан Ибрахимовиќ и поради тоа беше незадоволен во Париз.

Иако често се поврзуваше со многу европски клубови, сепак Кавани остана во ПСЖ и оваа сезона блеска во дресот на „светците“ кои со новиот договор му нудат и значително зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…