Дома Актуелно И Полска остана без селектор по Мундијалот

И Полска остана без селектор по Мундијалот

Репрезентацијата на Полска играше во осминафиналето на неодамна завршеното Светско првенство во Катар, но тоа не беше доволно нивниот селектор Чеслав Михњевич да ја задржи работата.

Полскиот фудбалски сојуз денеска соопшти дека на 52-годишниот Мичњевиќ, чиј договор истекува на крајот на годината, нема да му биде продолжена соработката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На Светското првенство во Катар, Полјаците беа во групата Ц заедно со светските шампиони Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија и стигнаа до нокаут фазата како второпласирани.

Во осминафиналето беа поразени со 3:1 од Франција, која се пласираше во финалето.

Михневич на полската клупа мина 11 месеци, откако во јануари годинава го наследи Португалецот Пауло Соуза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

На повидок големи промени во Барселона, пет фудбалери можат да си заминат!

Барселона се подготвува за големи промени во тимот по крајот на сезоната, а шпанските меди…