Дома Фудбал Италија Италијанците најавуваат нова казна на Јувентус со одземање на бодови?

Италијанците најавуваат нова казна на Јувентус со одземање на бодови?

Италијанскиот шампион Јувентус би можел да се најде во уште полоша ситуација откако денес италијанските медиуми пишуваат за можна нова казна со одземени 25 бода.

На „старата дама“ веќе и беа одземени 15 бодови, а Јувентус се жалеше на таа одлука и одлуката за можното враќање би требало да биде донесена на 19-ти април. „Кориере дело Спорт“ пишува дека ситуацијата со можното ново одземање на бодови, не е поврзана со претходниот и се работи за целосно нов случај.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Станува збор за обвиненија кои се појавија по побарувањата на Кристијано Роналдо и Паоло Дибала да им се исплатат суми за кои тврдат дека требало да им се исплатат.

Меѓутоа со оглед на тоа дека допрва треба да има поголема истрага, многу е веројатно дека ако има некаква одлука за казна таа да биде донесена за идната сезона или можеби пред крајот на 2023 година.

Тоа секако би можело да биде голем удар за клубот затоа што повторно „старата дама“ би се нашла во тешка позиција за излез во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Министерот на Италија незадоволен од одлуката за Ачерби: Го разбирам бесот…

Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига…