Дома Фудбал Италија Италијанците го пречекаа Пандев: Херои се сите во репрезентацијата, Македонија чекаше три децении на вакво нешто

Италијанците го пречекаа Пандев: Херои се сите во репрезентацијата, Македонија чекаше три децении на вакво нешто

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев доби одмор од селекторот Игор Ангеловски и се врати во Џенова каде што беше дочекан од новинарите.

Новинарите сакаа да добијат изјава од Пандев откако Македонија ја победи Грузија и се пласираше на Европското првенство кое ќе се игра во јуни. Италијанците му се обратија на Пандев со зборовите Национален херој, а нашиот капитен беше скромен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не сум само јас херојот, сите во репрезентацијата сме херои. Ова е прекрасно чувство, ми се оствари сонот после 20 години во репрезентацијата. Три децении Македонија сонуваше за вакво нешто. Успеав да го дочекам ова и тоа на крајот од кариерата, уште не можеме да поверуваме што направивме“.

„Добив илјадници пораки и благодарен сум за сите, иако не стигнав на сите да им одговорам. Благодарен сум и се надевам брзо ќе се вратат на стадион да ги поздравам“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати паровите во четвртфиналето од Купот на Македонија

Точно напладне со жрепка беа одредени двојките за четвртфиналето во Купот на Македонија. Б…