Јувентус и Милан се силно заинтересирани за дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.
22-годишниот Ндика минатата сезона одигра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, а оваа година се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување, па готово сигурно ќе замине како слободен агент.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти и веќе ја почнаа битката за неговиот потпис.
Неговиот агент во наредните денови треба да пристигне во Италија и ќе има средба со раководството на Милан и Јувентус за да ги слушне понудите.