Италијанските гиганти Јувентус и Интер се силно заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пренесува „Скај Италија“.
Шпанскиот репрезентативец го загуби местото во стартниот тим кај Гвардиола, не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Граѓаните“ за неговиот потпис платиија 65 милиони евра, но се спремни да го пуштат ова лето за 20 милиони евра.
Јувентус сака да ја засили одбраната и да донесе наследник на Бонучи, а новиот спортски директор на врвот на листата желби го стави Лапорт.
Интер исто така бара замена за Скриниар и внимателно ја следи ситуацијата со Лапорт.