Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти „Етихад“.
Поранешниот дефанзивец на Билбао го загуби првотимскиот статус во Манчестер Сити и поради тоа сака да ја промени средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Граѓаните“ за неговиот потпис платиија 65 милиони евра, но се спремни да го пуштат на лето ако пристигне добра понуда.
Италијанските гиганти Јувентус и Милан се заинтересирани за шпанскиот репрезентативец, исто како и Њукасл.
Лапорт преферира преселба во Барселона, но Каталонците го оладија интересот.