Дома Трансфер зона Италијанскиот гигант испрати понуда за Марсело

Италијанскиот гигант испрати понуда за Марсело

Легендата на Реал Мадрид, Марсело би можел кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марсело го напушти Реал Мадрид со 25 трофеи, како најтрофеен играч во историјата на клубот.

Сега е во потрага по нов клуб, а „АС“ пренесува дека пристигнала понуда од италијанскиот шампион Милан.

Милан сака да донесе адекватна алтернатива за Тео Хернандес, а Малдини верува дека Марсело може многу да му помогне на тимот со своето искуство.

„Росонерите“ стапиле во контакт со Бразилецот, но единствен проблем во моментов е што тој сака двегодишен договор, а Милан му нуди договор на една година.

Притоа, Марсело има понуди и од клубови каде што ќе може да биде стартер, а на „Сан Сиро“ ќе биде алтернатива за Тео Хернандес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…