Дома Трансфер зона Иско се поблиску до заминување: Направен е првиот контакт!

Иско се поблиску до заминување: Направен е првиот контакт!

Иско целосно падна во втор план. Иако квалитетите на овој одличен играч за врска не се спорни, тој се почесто ја грее клупата во Мадрид.

Поради таквата ситуација веќе подолг период се шпекулира за негово напуштање на „Сантијаго Бернабеу“.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Тренерот Солари изгледа не смета премногу на Иско, па во Реал се спремни да го продадат својот играч за врска доколку пристигне добра понуда.

Германски „Билд“ пред неколку дена соопшти дека Баерн Минхен на кого и тоа како му се потребни засилувања, веќе некое време преговара со Иско. Сега пристигнува дополнување на оваа информација – остварен е официјален контакт и со Реал Мадрид!

Ќе потсетиме, се шпекулира дека откупната клазула на Иско изнесува 700 милиони евра, но јасно е дека таа цена е научна фантастика.

https://www.youtube.com/watch?v=du8oRCNyQG0&t=1s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…