Дома Фудбал Останато Инфантино: ФИФА не е заинтересирана за Европска Суперлига

Инфантино: ФИФА не е заинтересирана за Европска Суперлига

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека светската куќа на фудбалот не е заинтересирана за Европска Суперлига.

Во интервју за германските медиуми Инфантино изјави дека ФИФА ќе се ориентира на Светското клупско првенство, на кое според новиот формат ќе учествуваат 22 екипи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Како претседател на ФИФА заинтересиран сум за Светското клупско првенство, а не за Суперлига. Јас не размислувам за натпревар Баерн против Ливерпул, туку за Баерн против Бока Јуниорс“, изјави Инфантино.

„Ливерпул има 180 милиони фанови во светот. Фламенго има 40 милиони од кои 39 се во Бразил. Сакам клубовите надвор од Европа во иднина да бидат привлечни на глобално ниво. Тоа е мојата визија“, изјави Инфантино.

Во последните денови британските медиуми објавуваат дека се подготвува формирање на Европска Премиер лига во која ќе учествуваат 18 најголеми европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…