Хакан Чалханоглу би можел ова лето да го напушти Интер и кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен.
Турскиот репрезентативец веќе започнал преговори со баварскиот гигант и е отворен за преселба на „Алијанц Арена“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер нема лесно да се откаже од Чалханоглу, но нема да му стои на патот ако сака да замине,па веќе почнал да бара замена.
Најголема желба е Матео Ковачиќ, кој својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во Интер. Потоа замина во Реал Мадрид, па Челзи, а сега е член на Манчестер Сити.
Хрватот не добива голема минута во Сити и сака да замине, а Интер е спремен да ја искористи таквата ситуација.