Дома Актуелно Интер не се шегува: Спалети сака голема ѕвезда за ЛШ

Интер не се шегува: Спалети сака голема ѕвезда за ЛШ

Откако се пласира во ЛШ, Интер веќе почна да бара адекватни засилувања за најелитното фудбалско натпреварување.

Тренерот Спалети и управата на клубот нема ништо да остават на случајноста и сакаат да направат екипа која може да се натпреварува на највисоко ниво.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Токму поради тоа веќе е одржан состанок со агентот Алесандро Белтрамиј, човекот кој ги застапува Николо Барела и Раџа Наинголан. Играчот на Рома е првиот избор на Интер во овој момент.

Да потсетиме, тој и порано се поврзуваше со трансфер во Интер, но се чини дека сега коцките за двете страни конечно се поклопиле. Предноста на Интер во однос на претходниот преоден рок е нормално ЛШ, но и тренерот Спалети кој веќе соработуваше во Рома со Наинголан.

Освен него, веќе споменавме дека желба е и Барела, а станува збор за 21-годишен фудбалер на Каљари кој игра во средината на теренот и кој во претходната сезона одигра 34 натпревари во Серија А и постигна 6 погодоци.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …