Дома Фудбал Италија Интер и Перишиќ блиску до договор

Интер и Перишиќ блиску до договор

Раководството на Интер денес имаше средба со агентот на Иван Перишиќ и двете страни се блиску до договор, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Перишиќ со Интер завршува следниот месец, а Хрватот ја одби првата понуда од „нероаѕурите“ за продолжување на соработката.

Со оглед на фактот дека Перишиќ е важен дел од тимот на Инзаги, Интер ќе се обиде да го задржи па денес ја подобри понудата и му понуди двегодишен договор тежок 5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Сега двете страни се блиску до договор и голема е веројатноста Перишиќ да ја прифати понудата и следните денови да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Претседателот на ФИФА по натпреварот влезе во соблекувалната на Иран и одржа говор – еве што кажа!

Натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло од групата Г на Светското првенство доне…