Дома Останати Ракомет Интервјуто на Борко со кое го „нокаутираше“ Червар на негов терен: Тој не е спортист, туку политичар!

Интервјуто на Борко со кое го „нокаутираше“ Червар на негов терен: Тој не е спортист, туку политичар!

borko

Македонскиот голман Борко Ристовски во хрватските медиуми зборуваше за селекторот на Хрватска, Лино Червар.

Борко воопшто не се штедеше и јавно го критикуваше и откри зошто смета дека Червар е тренер кој времето го прегазило.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сега сите се чудат зошто јас кажав дека Червар е човек кој времето го прегазило. Лино веќе долго време живее во минатото, не го следи развојот на модерниот ракомет и тоа е главниот проблем на вашата репрезентација (Хрватска). Тој на располагање го има еден од најдобрите тимови на турнирот, има одлична поддршка од трибините, а нивниот пласман во полуфиналето сериозно е доведен во прашање бидејќи она што Хрватска го играше во групите е далеку од вистински ракомет, тие играат ракомет каков што се играше пред десет години“, зборуваше Борко за хрватските медиуми.

Ристовски со Червар краток период соработуваше во Металург.

„Брзо сфатив дека тој е тренер кој нема спортски амбиции, неговите амбиции се самопромовирање и пари. Зошто никогаш некој не се запрашал, зошто Лино никогаш нема работено во голем клуб, туку ужива на „ладовина“ во Македонија каде што без притисок работи и добива огромна сума на пари. Што и да направи тоа е голем успех. Јас навистина не знам дали тој следи ракомет и дали ги гледа натпреварите од Лигата на шампионите… Знаете ли колкава е разликата помеѓу него и Раул Гонзалес? Огромна.“.

„Со Лино на последното СП бевме на 15 позиција, а сега ја поминавме групата како лидери и сме на само три бода од полуфиналето. Лино само гледаше како да купи уште две три години до пензија, а потоа за среќа на македонскиот ракомет се појави Хрватска“, изјави Борко

Борко имаше одговор и на фактите дека Червар во својата колекција има дури шест медали од големите натпреварувања, вклучувајќи го златото и на СП и ОИ.

„Најпрво погледнете како тие медали се освоени и кои играчи ги водеше. Подобро кажано, кои играчи го водеа него. Па тој во репрезентација имаше генијалци какви што се Балиќ и Метличиќ. После тие успеси Лино не се посвети на ракометот туку „трчаше“ по парите. Тој денес е нестабилен човек кој снима смешни реклами. Тоа е тој, тоа е Лино, политичар, а не спортист, човекој кој секогаш знае многу да зборува, но кога ќе го прашаш нешто стручно за ракометот тој се губи и го заобиколува одговорот, користи научни фрази. Таа негова приказна можеби може да помине кај оние пред екраните, но ние кои сме во ракометот добро знаеме колку ракометно „тежи“ Червар“, заврши Борко.

ТУКА можете да го прочитате комплетното интервју на нашиог голман за „24часа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…